Македонија
29. December 2021 - 20:08

Ковачевски го доби мандатот за нова влада, Мицкоски бара предвремени избори

Димитар Ковачеваски го доби мандатот за составување на Владата од шефот на државата Стево Пендаровски. Претседателот го врачи мандатот на лидерот на СДСМ откако добил известување од партијата дека тој е определен за иден мандатар. Ковачевски вети отчетна и одговорна работа исклучиво во интерес на граѓаните.

Пред чинот на предавањето Ковачевски и Пендаровски имаа и кратка тет а тет средба.

За опозицијата Ковачевски е нелигитимен мандатр ко не добил потврда за составување на Влада од граѓаните на избори.

Од овој момент Ковачевски има 20 дена да ја состави владата, но очекувањата се дека тој предлогот во Собранието ќе го достави по божиќните празници. Собранискиот спикер Џафери веќе најави дека седницата за избор на Владата ја планира за викенто 15 и 16 јануари. Зад Ковачевски стојат 64 пратеници.

Наредните неколку дена мандатарот ќе има состаноци и со лидерите на главните коалициски партнери Ахмети и Гаши. ДУИ ги задржува досегашните ресори со тоа што наместо за администрација го добива министерството за образование и оди со истите кадри. Алтернатива пак, согласно договореното добива министри за здравствио и за администрација, како и министер без ресор задолжен за дијаспора. Иако ресорите се познати, не се познати имињата на министрите од СДСМ.