Ковачевски: Фон Дер Лајен не доаѓа да врши притисок
Редовна комуникација со Брисел. Вака Ковачевски ја објасни посетата на шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен на Скопје кон крајот на месецот. Премиерот тврди дека не се работи за некоја нов дипломатски притисок за уставните измени.
И Мицкоски вели дека секој бриселски дипломат е добредојден, но дека промена кај ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени под овие услови нема. Сепак, вели дека партијата е пдоготовена за дискусија за идни решенија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави идејата што доаѓа од одредени кругови во ЕУ, државите-членки да немаат право на вето во текот на преговорите.
Мицкоски ја повика власта и што побрзо да ја формира работната група за избори за да не се дојде до политичка и уставна криза. За Ковачевски, пак, датумите се само техничко прашање. Тој не открива и дали СДСМ е за заеднички претседателски и парламентарНи избори.
Собранискиот спикер Џафери уште пред две недели го отвори можноста за одржување на заеднички избори на 5 мај, како краен датум, но бидејќи е Велигден процесот може да се одложи за три дена и двојни избори да има ОСМИ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
