Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки

Во текот на изминатата вечер (25/26.04.2026), во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај.
При контролата санкционирани се осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а додека две лица одбиле да се алкотестираат. Tрojца возачи се санкционирани за останати сообраќајни прекршоци.
Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување на возило под дејство на алкохол над 1,50 промили.
По целосно документирање на случаите за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.
Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
