Консеисао: Дојдов во Милан за да ја освојам Лигата на шампионите

Тренерот на Милан, Серхио Консеиао изјави дека ги избрал „росонерите“ со идеја да ја освои Лигата на шампионите со нив. Сепак, Португалецот се пожали дека секој ден во клубот се поврзува различен тренер како можна замена. Консеисао пристигна на крајот на минатата година на местото на Пауло Фонсека, кој остана само пет месеци. Започна на најдобар можен начин и Милан во вториот меч под негово водство го освои италијанскиот Суперкуп.
-Сакав да дојдам во едно од најсилните првенства во светот. Имам сон и цел да ја освојам Лигата на шампионите. Затоа го избрав овој клуб. Знаев дека ќе има потешкотии, но не ги избрав играчите во тимот, немав време да ги тренирам и јас бев должен да победам, истакна Португалецот.
По одличниот старт, Милан забележа лоши резултати. Тимот беше елиминиран од Феенорд во Лигата на шампионите, а во првенството падна на деветтото место. Тренерот има објаснување за тоа што се случи.
-Одигравме девет натпревари за 30 дена. Немавме време за тренинзи, што е исклучително тешко,а тоа значи дека не можам да ја наметнам мојата визија во составот. По освојувањето на Суперкупот ремизиравме со Каљари поради индивидуална грешка, што се случува. Оттогаш секој ден се поврзуваат нови тренери со клубот, се пожали тој.
Консеисао истакна дека составот кој го наследил од Фонсека не одговара на стилот кој сакал да го наметне. Португалецот сепак го пофали голманот Мајк Мењан.
-Во денешно време сите сакаат да градат од назад, но ви требаат играчи за да го направите тоа. Во Порто имав фантастичен голман кој го овозможи тоа, а и во Милан го имам, изјави тренерот.
Ново на Сител
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
-

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни, но и родители што ќе одбијат да соработуваат со училиштето
-

Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување
-

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ - 24-часовни објави со слики што ќе се гледаат само еднаш
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
