Македонија
5. September 2022 - 12:38

Конгресниот туризам се враќа во Охрид

Се враќа конгресниот туризам на брегот на Охридското езеро.По две години пауза поради пандемијата и рестриктивните мерки повторно во хотелите долж ривиерата закажани се семинари,конференции и конгреси.И покрај повисоките цени и поскапувањата есенва ќе има гости во двата туристички центри Охрид и Струга.

Со воведување на дополнителни манифестации концери и настани во септември и октомври ќе се привлечат поголем број на туристи а воедно и ќе се проодлжи сезоната.

Хотелиерите тврдат дека само на ваков начин можеме да имаме туризам во текот на целата година. Тие сметаат дека треба да се направи добра стратегија за продолжување на сезоната бидејќи двата крајезерски града покрај класичниот туризам, сончање и капење имаат многу повеќе да понудат.