Македонија
20. July 2026 - 15:14

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал

Сообраќајна незгода се случила утрово кај Велес, кога комбе на туристичката агенција „Мавако“, кое превезувало патници кон Грција, излетало од коловозот.

Според првичните информации, во возилото имало осум српски државјани, а до несреќата наводно дошло откако возачот заспал зад воланот.

За среќа, во незгодата нема повредени, причинета е само материјална штета на возилото.