Колку чини враќањето на невиноста во Македонија?

Околу илјада млади девојки од Македонија последнава година побарале да си ја вратат невиноста со хируршка реконструкција на хименот. Операцијата хименопластика е светски тренд кој во последно време го следи и Македонија.
Расте бројот на Македонки кои сакаат да бидат невини и имаат интерес да се омажат како девици.
Ако некогаш телесните исеченици и прскањето на чаршафот со крв или со некаква црвена течност биле трикови со кои лажната девица се обидувала да го измами својот маж првата брачна ноќ, денес жените кои сакаат да бидат девици, а тешко им паѓа сексуалната апстиненција, невиноста ја враќаат за неколку стотици евра, со хируршки зафат.
Хименопластиката кај нас ја прават и гинеколози и пластични хирурзи и тоа во нивните приватни клиники.
Операцијата за обновување на хименот спаѓа во пластичната хирургија. Хименопластиката се вбројува во полесни операции, се изведува со локална анестезија и трае од триесет до шеесет минути.
- Со првиот сексуален контакт доаѓа до пукање на хименот на повеќе делови. Остатоците од хименот остануваат од страните, во внатрешноста на вагината. Парченцата се составуваат, се шијат со посебен конец од животинско потекло, кој во организмот се распаѓа. Со овој зафат се добива нов химен – објаснува лекар од една приватна гинеколошка ординација.
Хирушката интервенција за враќање на невиноста чини од 500 до 700 евра.
Тоа е особено изразено во западниот дел од земјава, најчесто во Тетово, Гостивар, Кичево, а се разбира бројката е голема и во Скопје. Исто така, има и пациенти од соседните земји кои доаѓаат на нашите клиники да ја направат оваа „реконструкција“.
Старосната граница може да биде варијабилна и нема никаква поврзаност со тоа дали пациентката има родено или не. Доколку станува збор за малолетно лице, како и за секоја интервенција, неопходна е согласност од двајцата родители.
Ново на Сител
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
-

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици
