Кој е последниот рок за уставни измени? Опозицијата тврди - Власта тактизира бидејќи нема 80 пратеници
Нема рок во кој треба да се донесат уставните измени. Втората меѓувладина конференција со Брисел за почеток на преговорите со Унијата ќе се одржи тогаш кога ќе се внесат Бгарите и другите во Уставот, независно кога тоа ќе биде, вели Ковачевски откако уставните измени влегоа во Собрнаието но без обезбедени 80 пратеници. Но, премиерот е дециден дека секој пратеник е одговорен побрзо да ја внесе државата во ЕУ.
Ковачевски вели не може странците да ја завршат работата, туку тоа треба самите политичари тука. Вели дека против европската агенда работеле руски ботови и платени политичари.
Мицкоски пак, одговара дека не сака да биде дел од т.н. европска агенда која што ја замислиле ДУИ и СДСМ со корупција и криминали. Вели македонската агенда е вистинска евтропска агнеда
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта сега од кога призна дека нема 80 пратеници, тактизира со одложување на процесот само за да остане на власт.
Можноста за одложено гласање, пткако беше најавена од шефот на државата Пендаровски, вчера првпат офицајално ја потврди и собранискиот спикер Џафери. Седницата за утврдување на потребата за промена на Уставот е закажана за 18 август.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
