Клоп се враќа на клупата на Ливерпул?

Германскиот тренер Јирген Клоп зборуваше за можно враќање на клупата на Ливерпул. Актуелниот шампион на Премиер лигата Ливерпул е во серија од четири порази во сите натпреварувања или три во Премиер лигата.
Овие резултати донесоа најави за можна смена на менаџерот Арне Слот. Холандскиот стручњак во првата сезона на Енфилд на убедлив начин стигна до титулата, но оваа сезона и покрај скапите засилувања екипата има криза на резултати.
Тоа како да ги „подгреа“ можностите Јирген Клоп да се врати на клупата на Ливерпул. Тој за речиси една деценија имаше околу 500 натпревари како менаџер на „црвените“.
Во овој тежок период за Ливерпул се „совпадна“ со гостувањето на Клоп на поткастот „Дневник на еден директор“: имам изјавено дека никогаш нема да тренирам друг тим во Англија. Така што, теоретски еден ден може да се вратам во Ливерпул, изјави Клоп.
МИА
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
