Македонија
4. March 2024 - 12:20

Климатските промени негативно влијаат на Охридското Езеро

Климатските промени може да доведат  до  повлекување на Охридското езеро и тектонски поместувања на градбите на самиот брег. Екстремните временски услови негативно влијаат врз водниот басен,флората и фауната и рибниот фонд. Според екологистите  потребно е да  се внимава на просторното планирање и инфраструктурните зафати кои претствуваат сериозна закана за езерото.

Предизвиците со климатските промени се глобални но треба да започнат  да се решаваат на локално ниво.

Инаку една и од препораките на Унеско беше да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на кејот за да се заштити природното наследство.