Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство „Мој Термин“, на која е разговарано за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот „Мој Термин“.
На средбата, како што информираат од Министерството за здравство, на која учествувале претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство било разговарано и за посебни алатки за пребарување на посакувани термини.
На средбата било договорено дека Министерството, заедно со Управата за електронско здравство остануваат отворени за натамошна соработка со претставниците на матичните лекари, здравствените установи и софтверските компании, со цел да се воспостави ефикасен и ефективен систем за термини.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
