Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
По веста за смртта на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, бројни негови колеги, пријатели и обожаватели денеска се простуваат од човекот кој остави неизбришлива трага во македонската култура.
Особено емотивна порака упати неговата ќерка Сашенка Тодоровски, која на социјалните мрежи ја сподели болката по загубата на својот татко.
„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба. Го напушти овој свет, а ми вети… Срцето не издржа, престана да работи.. го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше. Не издржа бе татко, невидена желба за живот… Лесна ти земја татко мој вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено. Сега летај со ангелите… Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе – остана без една половина. Иако пензионирани, не се помири и готово! Крај! Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“, напиша таа во објава на Фејсбук.“, напиша таа.
Гоце Тодоровски, кој публиката најмногу го памети по незаборавните улоги во „Македонски народни приказни“, зад себе остава богато актерско наследство. Покрај ќерката Сашенка, тој има и син кој го носи неговото име.
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
