Македонија
27. December 2023 - 16:43

Ќе пропадне ли уште еден обид за изградба на Чебрен?

Ќе пропадне ли и 14 тиот обид  за изградба на Чебрен? Грчката компанија Архиродон  има уште 3 дена  рок да го потпише договорот за хидроцентралата, вреден милијарда евра. Во спротивно, Владата ќе ја активира банкарската гаранција од  1,4 милиони евра, вели министерот за економија Бектеши.

Имајќи во предви  дека условите се наведени во самата тендерска постапка,  ние одлучивме ништо да не се менува. Ако  компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31-ви да го потпише договорот, а ако не, тогаш би требало да се раскине договорот иако тој не е потпишан, но ќе се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми. Тој што би потпишал таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело за што ќе имаат работа судството и обивнителството,изјави Крешник Бектеши, инистер за економија .

Против Чебрен да го гради странски инвеститор и да стопанисува со него 70 години е и Здружението на инженери. Тие денеска поднесоа претставка и до Претседателот Пендаровски, за, како што велат, да го спречи загрозување на суверенитетот, територијалната целина на државата, основите на економските односи и уредувањето на територијата за потребите на одбраната, кое како што велат, би се случило  со евентуалното доделување на концесијата на грчката компанија.  Нивниот став е дека државата има капацитет и знаење сама да ја изгради  хидроцентралата која, според проценките, би била готова за 7 година, а парите потоа од продажба на струја ќе завршат дома. Ако ја градат странци, ќе треба да купуваме поскапа струја од нив и наместо дома, парите би се одлеале во странство. По информациите дека имало ломирања за менување на тендерските усливи за грчка компанија да го добие тендерот и за универзален снабдувач со струја, Бектеши дециден – измени и во овој повик нема да има.

Такви измени нема да се направат. Главната измена во моментот кога се објави повикот е дека не може да се дава процент поголем од 11,5 отсто, процент кој е постоечки од универзалниот снабдувач. Убеден сум дека со транспарентност и начинот како е објавен повикот, тој процент ќе биде под 10 отсто. Тие што ги исполнуваат условите, се повикани да учествуваат на повикот, а измени на криетриумите нема да има, подвлече министерот.

Изминативе 5 години универзален снабдувач со електрична енргија беше ЕВН хоум,. Договорот им истече и сега на тендер ќе се избере  тој што ќе понуди најнисика профитна маржа.