-->
-->
Ќе одам во затвор ако се воспостави дека сум виновен - Тони конечно прозборе за агонијата низ која минува
-->
Против хрватскиот пејач Тони Цетински во јануари оваа година беше покренето обвиинение поради истрага за сообраќајна несреќа во Ровињ 2017 година во која животот го изгуби 62-годишен маж.Цетински чека судот да ја утврди неговата вина, а како што вели без оглед на одлуката на судот, по кобната несреќа за него повеќе не е исто.
- Кога станува збор за обвинението и нашето правосудство, се ќе се дознае во самиот процес колку навистина се на страната на вистината. Како што реков, како судот одлучи - така и ќе биде. Ако се воспостави дека сум виновен, за својата вина јас ќе одговарам, рекол Цетински и додал.
- Се помирив со своите евентуалните исходи, ќе повторам, како и да помине ова судски, ништо за мене повеќе нема да биде исто по тој кобен датум 3.11. 2017 и на никого не сакам да му се случи такво нешто. Тоа е траума која ќе ја носам до крајот на животот и ситуацијата која често ја сонувам и од која не можам да се извлечам, но нормално не може да се мери со трагедијата на семејството и пријателите на Ибрахим Кевиљан, рекол хрватскиот пејач
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
-

Пазарна ќе ги споредува цените во целиот синџир на снабдување за да утврди од каде доаѓа поскапувањето
-

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на Иванов
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
