-->
-->
Киријос нема да игра на Вимблдон
-->

Поради повреда на скочниот зглоб, контроверзниот австралиски тенисер Ник Киријос нема да игра на Вимблдон.
Информацијата ја пренесе организаторот на турнирот, по изјавата на самиот тенисерот.
„Многу сум тажен што морам да се повлечам од Вимблдон оваа година. За време на моето враќање на теренот почувствував болка во зглобот. Се обидов да направам се за да бидам подготвен да играм и многу сум разочаран што немав повеќе време претходно Вимблдон. Но, ќе се вратам, како и секогаш“, изјави Австралиецот.
Веќе подолг период „лошото момче“ е далеку од посакуваната форма, па на денешната АТП ранг листа е на 33-тото место, но повеќе од сигурно дека на следното рангирање по завршувањето на Гренд-слемот во Лондон, Киријос ќе има пад на листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
