Македонија
4. May 2022 - 12:21
Казнети 8 трговци во Струга – не го почитувале ограничувањето на маржата
Осум трговци од Струга заработија казни за непочитување на трговската маржа согласно законот за трговија. Граѓаните незадоволни од високите цени на прехрамбените производи и непочитувањето на одлуката за замрзнување на цените се со цел да се заштити животниот стандард особено на најранливите категории се пожалиле во пазарната инспекција.
Од пазарниот инспекторат велат дека изминатиов период имале полни раце работа, по пријави на граѓани на терен вршеле контроли.
Од Државниот пазарен инспекторат во земјава од март до април извршени се 315 инспекциски надзори, а поднесени 70 тина пријави против трговците.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
