Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија

Педесет и шестгодишен жител на Кавадарци го загуби животот во тешка несреќа што вчера околу 13 часот се случила во близина на селото Мрежичко. Според информациите од полицијата, несреќата се случила при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски таблички, кое го управувал загинатиот.
Од засега неутврдени причини, камионот се превртел и паднал во провалија. Возачот се здобил со тешки повреди и починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.
Во извлекувањето на телото и возилото учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и полициски службеници од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а причините за трагедијата се предмет на истрага.
Ново на Сител
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
-

УХМP: Утрe поплaднe локалнo невреме со пороен дожд
-

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
-

Зеленски: Одржувањето избори за време на војна би било огромен ризик за Украина
-

Привeдeн стрaнски државјанин на ГП „Табановце“, возел 164 км/ч на мeсто кaде дозволената брзина е 80 км/ч
