Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија

Педесет и шестгодишен жител на Кавадарци го загуби животот во тешка несреќа што вчера околу 13 часот се случила во близина на селото Мрежичко. Според информациите од полицијата, несреќата се случила при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски таблички, кое го управувал загинатиот.
Од засега неутврдени причини, камионот се превртел и паднал во провалија. Возачот се здобил со тешки повреди и починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.
Во извлекувањето на телото и возилото учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и полициски службеници од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а причините за трагедијата се предмет на истрага.
Ново на Сител
-

Баерн го освои Суперкупот на Германија
-

Мурињо за Винисиус: Тој не е светец, но она што му го прават е премногу
-

Приведен 58 годишник од Крушево, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и револвер
-

Најмалку 37 повредени во земјотрес што ја потресе централна Јапонија
-

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите
-

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
