-->
-->
Кање Вест законски си го промени името во Је
-->

Американскиот рапер Кање Вест законски си го промени личното име во Је, откако Судот во Лос Анџелес го одобри неговото барање, пренесуваат американските медиуми.
Тој поднесе барање во август оваа година да си го смени името Кање Омари Вест во – „Ye“, без средно име и презиме, наведувајќи ги „личните причини“ како повод за промената. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Мишел Вилијамс Корт сега го одобри неговото барање.
Раперот на Твитер во 2018 година објави дека „порано бил познат како Кање Вест“, но сега бил само Је. Истата година, тој го издаде и албумот „Ye“. Тоа е еднакво на зборот „ти“ во архаичен облик на множина од второ лице („вие“) во стариот англиски јазик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
