Македонија
8. јуни 2024 - 17:04

Каналот Студенчишта и ова лето паркиралиште за пловилата

Изградбата на марината во Охрид закочена поради скапата инвестиција и изборот на најсоодветната локација.Иако години наназад се дискутира дека е повеќе од неопходна и ова лето паркиралиште за пловните објекти е каналот Студенчишта кој е претесен да ги собере бројните глисери,чамци ,едрилици и катамарани.

Капетанот Устијаноски најави санација и продлабочување на пристаништето кај Свети Наум место каде  пловилата ги носат туристите по водите на Охридското езеро.

Од Капетанија на пристаништата посочуваат дека додека се чека на изградбата на современа марина постојат и поефтини решенија со продлабочување на каналот Билјанини Извори кои технички и естетски треба да бидат издржани.