Камп Фест викендов во Преспа
Еко Герила Преспа викеднов 15-16 август на плажата Сончев брег го одржува Преспа Камп Фест. Ова, како што велат од Еко Герила е иницијатива произлезена од младите од Преспа, со цел, промоција на потенцијалот за туризам, природните убавини на регионот и зајакнување на јавната свест за зачувување на животната средина. Кампот нуди, забавен музички дел, можност за бесплатно кампување какао и еко акција за грижа за природата.

Камот се организира традиционално три години по ред. Оваа година е воведена и нова содржина, Вело тура со електрични велосипеди "Преспа на две тркала" и е поддржана од програмата ЕУ за Преспа. Како и лани и годинава настанот е поддржан од ИКС во рамки на активностите од еко кампањата „Преспа, разбудисе за животна средина“.
Ново на Сител
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
