ЈуЕс Опен: Пегула ја совлада Швјонтек, Синер обезбеди полуфинале
Изненадувањето на денот на ЈуЕс Опен го приреди синоќа Американката Џесика Пегула, 6-та на АТП-листата, која по шест неуспешни обиди конечно се пласираше во грен – слем полуфинале, совладувајќи ја најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска со 6-2, 6-4 во четвртфиналето на ЈуЕс Опен.
„Конечно можам да кажам дека сум полуфиналист“, со олеснување изјави 30-годишната Пегула, која претходнои во кариерата имаше шест четвртфинални порази на грен – слем турнирите.
Триумфот на Пегула значи дека Американците ќе имаат дури четири претставници во полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција, откако пласман меѓу најдобрите четири претходно обезбедија нејзината сонародничка Ема Наваро, а кај мажите Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.
Пегула во четврток ќе се бори за пласман во финалето против Чехинката Каролина Мучова (ВТА-52), која со 6-1, 6-4 ја исфрли Бразилката Беатрис Хадад (21).
Првиот носител на машкиот турнир, Италијанец Јаник Синер се пласираше во полуфиналето Опен победувајќи го Русинот Данило Медведев во четвртфиналето со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4.
Во полуфиналето Синер ќе се соочи со 22-годишниот Британец Џек Дрејпер кој елиминираше Алекс де Минаур со 6-3, 7-5, 6-2.
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
