-->
-->
ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
-->

Водата за пиење во Скопје е безбедна односно, сите примероци земени во рамки на неделната проверка за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, секторот за санитарна контрола анализирал примероци од водата за пиење во Скопје земени во периодот од 30 март до 3 април.
Биле испитани 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во градот Скопје.
-Добиените резултати од испитувањата покажуваат дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Катерина Зајковска предложена за член на Антикорупциска
-

Нова национална стратегија за бездомните кучиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
