ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад

Апелираме до корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад, алармираа попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје на Фејсбук.
Од јавното претпријатие информираа и за теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа што се одвивале во текот на денов.
- ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците. Екипите на сектор „Канализација“ во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти - пишува во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
