ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата, како што информираат од јавното градско претпријатие, започнува во понеделник на 20 април и ќе трае до 5 јуни годинава.
-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Нагласуваат дека одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
За сите дополнителни информации за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје граѓаните може да контактираат на телефоните на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; или онлајн на kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk;
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
