Јовески бара од Судскиот совет да каже кои обвинители не доаѓаат на рочишта
Јовески бара детална информација од Сдускиот совет, кои рочишта биле одложувани поради отсуство на јавни обвинители. По извештајот на Советот, републичкиот јавен обвинител ќе бара шефовите на Скопксото и обвинителството за организиран криминал и корупција да покренат дисциплински постапки за сите обвинители кои неоправдано не присуствуваат на рочишта.
Ве известувам дека согласно Правилникот за оценување на јавните обвинители, ажурноста и ефикасноста се еден од основните критериуми за оценување. Согласно законот за Јавно обвинителство, пак, на јавниот обвинител може да му биде поведена постапка за сторена дисциплинска повреда доколку пропушта да се јави или неоправдано доцни на закажаните расправи или седници пред судот. Доколку јавниот обвинител без оправдани приочини не постапува во предметите во пропишаните законски рокови поради пто значително се одолговлекува постапката ичи наспапила застареноср на кривичното гонење, тиоа претставува основ да биде поведена постапка за потешка дисциплинска повреда – пишува обвинителот Јовески до Судскиот совет.
Во телефонски разговор за Сител првиот човек на Судски вели дека ќе соработува со јавното обвинителство и дека овој извештај веднаш ќе биде препратен до институцијата.
Веднаш ќе постапиме по ургенцијата и ќе го доставиме извештајот до Јавното обвинителство, за тие да ги преземат мерките кои се од нивна надлежност, а кои се однесуваат на обвинителите – вели Георгиев.
Урегенцијата на Јовески следи два дена откако Судскиот совет го презентираше извештајот од увидот во кривичен кој покажа зошто првадата се спроведува бавно.
Се менувале судии, адвокати барале одложувања, а многу често, отсутни биле и обвинителите. Извештајот се уште не достапен на сајтот на Судскиот совет, каде се очекува да биде закачен следните денови.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
