Јотова од Охрид: Ветото ќе остане дури и ако се впишат Бугарите во уставот, Бугарија има и други услови
Бугарија од Македонија за тргање на ветото не бара само Бугарите во нашата земја да бидат вметнати во уставот туку и низа други точки кои не биле реализирани во пракса од договорот за добрососедство меѓу двете држави.
Потпретседателката на Бугарија Јотова посочи дека во однос на поставените услови во учебниците во средно училиште историските комисии се тие кои треба да го договорат тоа.
-Историската комисија меѓу двете држави треба тоа да го договори и потоа тоа да биде воведено во учебниците. Второ ние сакаме отворање на архивите и да запре гонењето на лицата само затоа што се Бугари. На трето место, нешто што за мене е многу важно е оштетувањето на спомениците во РСМ. Јас не можам да разберам како во 21 век дури и независно на процесот кон ЕУ, како може да се рушат надгробни плочи, да се оштетуваат споменици само затоа што тие го дале животот, но се од друга држава, вели Јотова.
Во однос на прашањето зошто толку малку има Бугари во нашата земја на последниот попис, Јотова кажа дека властите им барале документи да докажат дека се Бугари.
-Многу работи научивме за пописот. Јас за прв пат разбирам дека, многу срамно, дека токму малата цифра што се појави на пописот за Бугари е оти на одредени места кога се изјаснувале како Бугари, властите им барале документи дека се Бугари, што не треба да се бара. Кон останатите етнички заедници во РСМ не се барани такви документи“.
Јотова истакна дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур никогаш не барал од Бугарија признавање на македонско малцинство во Бугарија, додавајќи дека решенијата на Европскиот суд за човекови права се административни и го почитуваат бугарскиот Устав којшто е граѓански и не предвидува колективни права на етничка основа.
Инаку Заменик претседателката на Бугарија, денеска во Охрид положи цвеќе на споменикот на бугарите кои загинаа во бродската несреќа, присуствуваше и на отворањето на културно информативниот центар „Балкански хоризонти“ а го посети и дневниот центар за деца со аутизам.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
