Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда

Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков.
Како што информираат од Министерството за правда, Шасивари истакнал дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста, ефикасноста на правосудниот систем, враќање на довербата на граѓаните во правосудството, како и продолжување на реформските процеси во согласност со стратешките определби на Владата и европската агенда на државата.
- Министерството за правда ќе остане отворена и професионална институција, посветена на интересите на граѓаните, владеењето на правото и обезбедувањето ефикасен, праведен и достапен правосуден систем, порачал министерот за правда Јетон Шасивари.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
