Македонија
2. September 2022 - 12:44

Јавните претпријатија во Охрид и Струга пред банкрот

Јавните претпријатија во хаотична финансиска состојба. Охридскиот градоначалник Пецаков вели дека мерките за штедење струја ќе се спроведуваат, но загрижувачка е состојбата со Водовод тие неможат да ги платат енормно високите сметки кои пораснале дури за 5 пати споредбено со износите од минатата година.

Градоначалникот Пецаков најави свикување собир на Генералното собрание на ЗЕЛС за да се надминат овие состојби, во спротивно се заканува целосен финансиски колапс а со тоа се доведува во прашање испораката на услугите кон граѓаните.

Иста е состојбата со ЈП Водовод и во соседна Струга и тие најавија дека помош за надминување на финансискатаа ситуација ќе бараат од Владата.