Јатрви се степале по расправија за нивните малолетни деца во гостиварско

Триесет и четиригодишна жена од гостиварско село е лишена од слобода поради сомнение дека физички ја нападнала својата јатрва по претходна семејна расправија.
Од СВР Тетово информираат дека на 1 јуни во 21:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате ја привеле жената, постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавеното, во 17:20 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека ден претходно, на 31 мај, во заедничката семејна куќа во гостиварско село, по расправија поврзана со нивните малолетни деца, била физички нападната од својата јатрва.
Осомничената е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надлежните институции работат на расчистување на сите околности поврзани со инцидентот.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
