„Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

Во големиот избор нови фитнес-трендови, „јапонската одечка вежба“ добива сѐ поголема популарност последниве месеци… Новиот „Тик-ток“ тренд е едноставен, но интензивен облик на одење којшто, ако е редовен, ветува бројни и видливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок, објави „Индекс“ (Index).
Што претставува „јапонското одење“?
Оваа вежба се заснова на наизменично брзо и бавно одење коешто трае вкупно 30 минути. Поточно, лицето оди три минути брзо (со околу 70 насто од својот максимален аеробен капацитет), па три минути со бавно темпо (со околу 40 отсто) – и тоа се повторува. Оваа рутина ја развиле јапонски научници пред речиси 20 години. Притоа, во истражување со луѓе со просечна возраст од 63 години, испитаниците кои вежбале четирипати неделно постигнале значително понизок крвен притисок во споредба со оние кои не учествувале во програмата.
Според американската новинарка Мелиса Метјуз, која пишува за списанието „Рил симпл“ (Real Simple), оваа рутина станува сè попопуларна поради нејзината достапност и делотворност, а и бидејќи е поткрепена од науката.
„Овој метод е совршен и за оние кои во одреден миг не се во добра форма. Побрзите делови, на пр., се доволно напорни за да го стимулираат срцевиот ритам, а да не предизвикаат прекумерен замор, додека бавните делови овозможуваат лесно закрепнување… Иако понекогаш ми требаат повеќе од три минути за мојот срцев ритам да се врати на пониски вредности, се чувствував доволно одморена за да продолжам без никакви проблеми“, пишува Метјуз, која претходно има тренирано за полумаратон.
Таа користела и паметен часовник за да ги следи своите интервали, што ѝ го олеснувало префрлањето од брзото на бавно темпо. Како што забележува, важно е да не се губи чувството за време – за разлика од обичната прошетка, каде што важно е да се одржува ритам.
Според спортистката, „јапонската вежбна со одење“ е одличен избор за секој кој сака да воведе редовно движење во својата дневна рутина, без исцрпувачки тренинзи или потреба од опрема. Вежбањето трае само 30 минути дневно, може да се прави речиси насекаде, а истовремено помага во постигнување на кардиоваскуларните цели за работата на срцето и за полесно закрепнување на физичката кондиција.
Ново на Сител
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
