Јапонија: Користејќи астероиден прав, ќе се истражува потеклото на животот на Земјата
Јапонски астрономи ќе истражуваат примероци на почва земена од далечен астероид за да се обидат да го откријат изворот на топлина што го променил тоа небесно тело.
Научниците од Јапонската вселенска агенција се обидуваат да откријат како водата испарува на астероидот, со надеж дека ќе има траги што би укажале на потеклото на Сончевиот Систем и животот на Земјата. Тие веќе тестирале 5,4 грама почва, далеку повеќе од минималниот примерок од 0,1 грам на кој се надевале.
Во декември вселенското летало „Хајабуса 2“ се врати од Вселената со примерок од почвата од астероидот Рјугу, којшто се наоѓа на повеќе од 300 милиони километри од Земјата. Топлината на астероидот надминува 300 степени Целзиусови, според научниците од јапонскиот Универзитет во Аизуа.
Сондата стапна на вселенското тело во април 2019 година, и вторпат – три месеци подоцна.
Можни траги од органска материја
Научниците, исто така, истакнуваат дека температурата под површината на една планета не може да достигне толкава висина само од топлината на Сонцето, што укажува дека астероидот Рјугу, додека бил дел од поголемо матично тело пред милијарди години, бил под влијание на внатрешно топлинско зрачење или планетарни судири.
Јапонската вселенска агенција продолжува со првичните тестирања на примероци од астероидот, а следната година се планираат и пообемни испитувања.
Научниците исто така ќе трагаат по можни траги од органска материја, во надеж дека ќе најдат некои одговори за потеклото на Сончевиот Систем и животот на Земјата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
