-->
-->
Јанта Волеј обезбеди финале со Работнички
-->

По големите тензии во Струмица каде домаќинот не можеше да се помири со поразот пред својата публика во Скопје во мирна атмосфера се одигра вториот дуел од полуфиналниот плеј--оф помеѓу Јанта Волеј и Наковски Волеј во кој домашната екипа славеше со убедливи 3:0 (26:24, 25:17, 25:20) во “мајсторката” и обезбеди пласман во финалето.
Инцидентите од Струмица влијаеа на притисокот денеска во Скопје но сепак атмосферата беше на потребното ниво и на крајот подобро подготвени беа домашните одбојкарки, кои успеаја да дојдат до втората победа во серијата за место во финалната битка за титулата.
Во финалето ќе гледаме реприза на минатогодишната серија во која Работнички беше подобар од Јанта Волеј. И двата тима со свои амбиции ќе влезат во финалната рунда, а предноста на меч повеќе на домашен терен ќе ја имаат шампионките, Работнички.
фото спортмедиа.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
