Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки

Наставата во жешки денови треба да се организира во согласност со протоколот за постапување кога температурите се превисоки. Протоколите се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука и се доставени до сите училишта, изјави министерката Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали часовите за учениците ќе бидат скратени во денови кога времето е многу топло.
Како што рече, од климатските промени не може да побегнеме, тие се еднакви за сите деца во Европа и во светот.
- Но тоа не значи дека нашите деца не треба да учат. Она што треба да се направи е да се почитуваат протоколите. Се разбира дека раководството на училиштата и самите наставници, тоа е дел од нивната работа, ќе се прилагодуваат на условите. Ако е жешко, нема да вежбаат физичко, ќе имаат одмор, ликовно, музичко, нешто друго... Јас не сакам да се мешам во нивната работа, но еве една идеја. Ако е постудено ќе направат и некоја физичка вежба. Таму во протоколите пишува кога треба да се отворат, кога да се затворат прозорците, кои активности треба да ги имаат децата. Мора да се приспособуваме на сѐ што ќе биде предизвик, изјави Јаневска.
На прашање дали во училиштата ќе бидат обезбедени клима-уреди за разладување во топлите денови на почетокот и на крајот од учебната година, министерката одговори „ќе има клими кога ние како држава ќе бидеме во можност да обезбедиме клими во сите училишта“.
- Правиме по приоритети, правиме многу. Јас верувам дека во некој догледен период нема да имаме ваков предизвик, додаде Јаневска.
Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески изјави дека училиштата во оваа општина ги следат протоколите изготвени од МОН и Центарот за јавно здравје кога температурите се превисоки и оти времетраењето на часовите се крати само доколку има предупредувачка (жолта) фаза.
- Ние ги следиме тие препораки и постапуваме исклучиво во согласност со протоколите. Во случај кога ќе влеземе во жолта фаза со температурите, каде што има одредени гранични вредности за секој месец поединечно, вклучително и септември, тогаш ќе постапиме во согласност со протоколот. Доколку има појава на жолта фаза, ќе се постапи по протоколот и ќе се скратат часовите, меѓутоа доколку немаме жолта фаза, нема да пристапиме кон скратување, додаде Митески.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
