Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации

Жалосно е што во јавноста се шират дезинформации или таканаречени лажни вести. Апсолутно тврдам, ранг-листите се објавени на примените, но објавена е и ранг-листа на непримените со објаснување зошто не се примени. Вака одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на новинарско прашање за обвинувањата на партијата Левица дека Министерството ги крие бодовите за студентските домови.
- На моето прашање што се случува по повод разните шпекулации, секторот одговори дека има студенти кои студираат седма или осма година и таквите студенти не се примаат. Има студенти чии родители имаат енормно високи примања и тие студенти се одбиваат. Како и да е, критериумите се објавени јавно, ги има во огласот, студентите добро знаат кои можат и исполнуваат услови да бидат сместени, а кои не - рече Јаневска.
Во врска со забелешките дека нема доволно образовни асистенти во училиштата, Јаневска истакна дека бројот на асистенти е највисок досега.
- Немало никогаш поголем број асистенти отколку овие години. Во основното образование има околу 1.380 или 1348 асистенти, а во средното 166. Има дополнителни барања за асистенти, конкурсот е во тек и завршува утре - рече таа, додавајќи дека децата имаат поддршка од инклузивни тимови и дека не постои проблем во обезбедувањето асистентска поддршка.
Министерката соопшти дека од вторник се очекува да почне наставата со физичко присуство во основното училиште „Киро Глигоров“ откако ќе бидат завршени уште неколку дополнителни училници.
- Во „Киро Глигоров“ дополнителните неколку училници ќе бидат завршени овој викенд и јас верувам дека директорката ќе ја почне наставата од понеделник, нека биде и вторник, тогаш сите ученици ќе можат да одат со физичко присуство, додаде Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
-

Зеленски: Руските млазни дронови ги соборуваме со борбени авиони „Ф-16“
