Јаневска на увид во градежните активности за реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда.
Јаневска пред два месеца изјави дека привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и дека од новата академска 2026/2027 година очекува во нив да почне сместувањето на студентите.
- Од 1 октомври очекувам студентите да влезат во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна очекувам да почнеме реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија - изјави Јаневска за медиумите на крајот на март.
Со заем од Германската развојна банка и грант преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија во план е темелно реновирање на деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и во Охрид.
Реконструкцијата на државните студентски домови е во рамките на проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација и ќе се одвива во фази. Во првата фаза се реновираат домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје за што е склучен договор со компанијата „Страбаг АГ“, која ги изведува градежните активности.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
