Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и на докторски студии.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и таа чека извештај по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот.
- Констаторани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски, туку за упис на втор и на трет циклус студии. Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информира Факултетот, кој треба да постапи. Колку што ми е познато, Факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај за кога ќе помине рокот за постапување како министер овластен во оваа област да го донесам и конечното решение - изјави министерката Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настанот „Зеленикс - од предизвик до иновација“, организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво - ИНОВА.
Како што објави порталот „МКД.мк“, студенти без завршени додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии, односно не биле исполнети условите од Законот за високото образование. Тоа било откриено од Државниот просветен инпекторат и на запишаните студенти им биле прекинати студиите.
Според сознанијата на порталот, се работи за десетина запишани студенти на магистерски и на докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите, а тие сега бараат враќање на парите што ги дале за упис на втор, односно трет циклус студии.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
