Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик

Македонската ракометна репрезентација овој викенд во Копер ќе го одигра реванш натпреварот против Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Иако Словенците претходно оваа недела триумфираа на дуелот во Скопје со 32-26, капитенот Блаж Јанц истакна дека неговите соиграчи ги очекува уште еден тежок натпревар против македонската репрезентација, в недела од 18:30 часот во салата „Бонифика“, која е целосно распродадена.
„И вториот натпревар против Македонците ќе биде исклучителен предизвик. Тие се големи конкуренти. Трибините во салата Бонифика ќе бидат исполнети, така што и од таа перспектива очекуваме исклучителен натпревар. Победата од средата во Скопје треба да ја потврдиме во Копер. Ќе го покажеме најдоброто за што сме способни. Верувам во нашата победа“, изјави вечерва словенечкиот капитен Јанц за локалните медиуми.
По три одиграни кола во групата 1, Словенија е лидер с максимални шест бодови, пред Литванија (4), Македонија (2) и Естонија без бодови.
Пласман на континенталниот турнир ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации, како и четирите најдобро третопласирани селекции од осумте квалификациски групи.
Ново на Сител
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
