Извинување до Македонија за грешката со знамето
Забраната за снимање на македонското знаме на Австралија Опен било пропуст и ненамерна грешка. Македонското МНР добило извинување од организаторот на тенискиот турнир според кого техничката грешка не предизвкала никакви ограничувања.
Откако јавноста бурно реагираше, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, реагирало до австралиските колеги, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“.
Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст - техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.
И премиерот се чувствувал непријатно за пропустот, ама и покрај грешката тоа немало да влијае на односите со Австралија.
Сител побара информација и од организаторите на тенискиот турнир Австралија Опен, но оттаму велат дека знамињата на натпреварувачките нации може да се истакнат се додека ги исполнуваат условите за влез.
Според организаторот, согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот. Според нив, за време на учеството на македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања.
Македонското државно знаме заедно со знамето од Вергина се најде во друштво на забранети знамиња за снимање на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел кои како инструкции ги добиле снимателите кои го пренесуваат натпреварот.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
