Македонија
15. May 2022 - 16:32

Изумира занаетчиството во Охрид - Причина напливот од кинески и индустриски производи по ниски цени

Најстариот занаетчија од Струга 90 годишниот Јоне Кленко иако повеќе не изработува чевли и чанти секој ден е во својата работилница во неговиот дом.

Занаетот за кој што вели дека е многу тежок го наследил од својот татко но со текот на времето и потребите на луѓето се прилагодувал на современите текови, а катчето каде работел сака да го остави во спомен да се види како се работело во минатото.

Тој со  солзи во очите жали што занаетчиството изумира и нема наследник.

Со голема тага посочува дека едни од причините за изумирањето на старите знаети се експанзијата на кинеската и индустрискта роба која на пазарот се нуди многу поефтино од рачните изработки.

Најстариот струшки занетчија вели дека потребна е стратегија и грижа за помагање на старите занаети од страна на државата.