Loading Video...
Свет
31. October 2023 - 16:32

Израел вели дека клучниот водач на милитантите на Хамас е убиен во воздушни напади

Израел објави дека убил еден од командите на Хамас кој го организирал нападот на 7 октомври врз Јужен Израел при кој загинаа најмалку 1400 луѓе а повеќе од 240 Изарелци и странски државјани беа заробени и однесени во појасот Газа. Насим Абу Аџина бил убиен во воздушен напад. Според портпаролот на израелската армија во комбинираните акции на копно и од воздух во текот на ноќта и утроово во Северна Газа биле убиени и голем број на милитанти на Хамас и погодени над 300 цели на палестинската група.

-Нашите војници се борат на бојното поле, се борат со храброст и херојство, се впуштаат во жестоки, блиски битки во кои ги елиминираат терористите. Овој тип на борба ги загрозува нашите сили и носи висока цена и е сложен но е од клучно значење за постигнување на целите на војната изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.

 Хамас тврди дека се војува и во јужниот дел на појасот, соопштувајќи дека убиле еден израелски војник и уништиле неколку возила. Израел извршува и воздушни напади во Либан насочени кон Хезболах.