Израел ја врати контролата во градовите, расте бројот на жртви
Израелската аримја воспостави контрола во сите градови каде се водеа борби со борците на Хамас информира утрово израелското воено раководство, на третиот ден од почетокот на војната. Според нивните проценки околу 1000 милитанти успеале да влезат на израелска територија а најголем дел веќе се убиени. Покрај тоа армијата соопшти дека презеле мерки за да спречат нови инфлитрации, голем број тенкоив и други борбени возила се на границата со појасот Газа и дека веке се мобилзирани рекордни 300 000 резервисти, чекајки наредба да тргнат во контраофзниава.
-Нашата задача е да се осигураме дека Хамас повеќе нема да иам воени капаацитети да му се заканува на Израел. И покрај тоа, ке се погрижеме Хамас повеќе да не може да управува со Појасот Газа изјави портпаролот на израелскаат армија Џонатан Конрикус.
Досега се уништени над 1000 цели на Хамас. Изарелското воздухопловство продолжува со бомбардирањата во појасот Газа а кабинетот на изарелскиот премиер соопшти дека земјата претсанала да испопрачува струја гориво и стоки за Газа. Не мирува ниту Хамас. Сирени за тревога од ракенти наапди се слушаат во Ерусалим, Тел Авив и други градови во Израел. Според алестинските власти, во изрелската одмазда до сега загинале најмалку 500 цивили а над 2000 се ранети.
Бројот на загинати во Израле надмина 700. 260 тела се пронајдени на местото каде што се оддржуваше музичкиот фестивал во пустината Негев, во близина на границата со Појасот Газа. Борците ан Хамас тврдат дека киндприарале најмалку 130 луге од израелските градови во близина на границата со Газа. Изрелските власти соопштија дека мегу киднпираните , како и мегу загинатите има и странски државјани. САД ветија дека ќе испратат муниција и тешка воена опрема како помош за Израел, како и дека ке постават носач на авиони во исотчниот Медитереан. Палестинската исламистичка милитанта организација Хамас, која е основана во 1987 година, во 2007 започна со владеењето на појасот Газа и се заколна дека комплетно ќе го уништи Израел. За Израел, ЕУ, Канада, Јапонија и многу други земји Хамас е терористичка организиција. Други земји, како Русија, Турција и Швајцарија оваа група ја третираат како политичка и воена огранизација.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
