Израел им испрати пишана порака на жителите на Појасот Газа
Израелската војска растури летоци во појасот Газа со кои побара од жителите да го напуштат регионот во рок од 24 часа.
Цивили од градот Газа, евакуирајте се на југ заради вашата безбедност и безбедноста на вашите семејства и дистанцирајте се од терористите на Хамас кои ве користат како жив штит“ им порача Израел а граѓаните во овој појас во кој во моментов се проценува дека се останати над еден милион луѓе.
Летоците предизвикаат вистинска паника во Газа и покрај тоа што Хамас им порача на граѓаните да останат цврсти и да бидат во своите домови, во текот на целата оваа како што ја нарекоа психолошка војна.
Обединетите нации се загрижени дека раселувањето на Палестинците може да предизвика нова хуманитарна катастрофа.
Повикот за евакуација следи пред најавената копнена офанзива на Израел.
Во меѓувреме, американската дипломатија се растрча низ светот. По вчерашната посета на Израел, американскиот државен секретар Блинкен денеска беше и во Јордан а имаше средба и со палестинскиот
Претседател Махмуд Абаз. Му порача палестинците да се евакуираат од Газа. Истовремено, утрово во Израел пристигна и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Во повеќе градови низ светот се одржуваат протести во знак на поддршка за едната или другата страна, додека цивилното население се простува од своите најблиски кои загинаа во нападите или трага по цивилите киднапирани од Хамас.
На крајот од минатата недела, Хамас истрела илјадници ракети на територијата на Израел а во герлиска акција киднапирани беа стотици цивили.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
