Израел го одби барањето на ОН за влез на гориво во Газа
ОН предупредија дека вечерва би можело да снема гориво во појасот Газа. Упатија повик до Израел да попушти и да дозволи влез на гориво. Без гориво, хуманитраната помош во храна, вода и лекови нема да стигне до сите и нема да функционираат болниците и пекарите реагира агенцијата на ОН за помош и работа на палестиските бегалци на Блискиот исток.
- Речиси поважно од се друго е горивото. Горивото е крајно итно бидејќи без гориво самите камиони не можат да се движат. Без гориво, генераторите не можат да произведуваат електрична енергија за болниците, за пекарите и за постројките за десалинизација на вода, изјави Тамара Алрифаи, директор за комуникации на Агенција за Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток.
- Горивото нема да влезе во појасот Газа. Хамас го користеше бензинот за својата воена инфраструкутруа. Горивото што Хамас го украде од Агенцијаат на ОН за помош и работа на палсетинските бегалци на Блискиот исток треба да се врати од Хамас и да им се даде на болниците, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.
Ако Израел не ја промени олдуката повеќе нема да ослободуваме заложници најави Хамас. ОН реагираа и дека многу малку камиони со хуманитарна помош со храна, вода и лекови влегуваат во Газа. Синоќа само 8 камиони со помош го преминаа египетскиот граничен премин Рафах а според нивните проценки потребни се најмалку 100 камиони дневно. ОН информира и дека над 600 илјади Палестинци се кријат во 150 нивни центри во Газа, што значи дека капацитетите се исполнети за 4 пати.
Утрово во Либан состанок остварија првите луѓе на Хамас, Хезболах и палестинскиот исламски џихад, кои информираа дека разговарале за следните чекори што нивната алијанса треба да ги преземе против Израел. Израелската војска продолжува со воздушните напади на Газа а изминатата ноќ армијата гранатирала цели во Сирија како договор на лансирањето ракети од Сирија кон Израел.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
