Израел ги интензивира и проширува копнените операции во Појасот Газа
Мета на израелските воздушни сили утрово бил и бегалскиот камп Јенин, при што во нападот, според израелската армија биле ликвидирани повеќе вооружени милитанти на Хамас. Израел соопшти дека од утринава нападнати се цели и во Сирија и Либан, како одговор на нападите започнати од двете земји.
Портпаролот Хагари со итен повик до Палестинците во Појасот Газа да се евакуираат кон југ.
Во текот на изминатиот ден, во Појасот Газа, ги проширивме активностите на силите, со дополнителни сили кои влегоа во појасот, вклучувајќи ги пешадијата, оклопниот корпус, борбеното инженерство и артилерискиот корпус. Преку интегрираните напади на копнените воздушни сили, десетици терористи беа елиминирани минатата ноќ кои се забарикадирале во згради и се обиделе да ги нападнат силите кои се движеле во нивна насока, Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.
Засилените израелски копнени операции следуваат ден откако 33 камиони со храна, лекови и други залихи влегоа во Појасот Газа од Египет, во најголемиот конвој со хуманитарна помош од почетокот на војната. Помошта сè уште е далеку од потребите на раселените жители на газа кои живеат во шатори.
Ништо не добивме од помошта која пристигна од Египет. Дваесет дена сме тука во шаторите. Добивме само два купони (купони за храна), како може ова да биде доволно за оние во шаторите? Добивме само два купони, ништо друго освен тоа. Не видовме ништо од помошта за која велите дека секојдневно влегуваат на преминот (Рафах), вели раселена жителка на Палестина.
Војната меѓу Израел и Хамас влезе во 24-тиот ден, а бројот на загинати Палестинци надмина 8000, од кои близу 3500 се деца. Според официјалните извештаи бројот на загуби од израелска страна е над 1400 цивили
Заврши обдукцијата, но утврдувањето на точните причини за смртта на американскиот актер Метју Пери ќе трае со недели. Судските вештаци во Калифорнија ќе ги чекаат и резултатите од токсиколошките испитувања кои треба да покажат дали во неговото тело имало супстанции што би можеле да ја предизвикаат смртта.
Првичната истрага на полицијата во домот на Пери не пронајде дрога, туку поголемо количество на антидепресиви. 54-годишниот актер во саботата вечерта беше пронајден удавен во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес
По 18 години Бојко Борисов ја загуби власт во Софија. Според првичните резултати од локалните избори кандидатот на ГЕРБ новинарот Антон Хекимјан не влегува ниту во вториот круг.
Бугарските медиуми објавуваат дека во Софија убедливо води кандидатот на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија, а втора е кандидатката на бугарските социјалисти.
Кандидатите на ГЕРБ во првиот круг победија во Бургас, Стара Загора и Перник, додека вториот круг ќе биде решавачки за Пловдив, Велико Трново и Варна.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
