Изгубил свест додека се капел, Македонец спасен од давење во Неи Пори | ФОТО
70-годишен Македонец спасен од давење во грчкото летувалиште Неи Пори, откако изгубил свест додека се капел во морето, пренесува грчкиот медиум „Прототема“.
Според информациите, спасувач на плажата навреме го забележал мажот и веднаш реагирал, извлекувајќи го од водата. Благодарение на брзата интервенција и кислородната поддршка што му била укажана на местото, туристот се освестил без потреба од кардиопулмонална реанимација.
По дводневен престој во болница, македонскиот државјанин бил пуштен на домашно лекување.
Во меѓувреме, уште една успешна спасувачка акција била спроведена во регионот на Пиерија. Тројца спасувачи и лекар спасиле 65-годишна туристка од Србија, која минатиот вторник доживеала срцев удар на плажата во Лептокарија.
Жената била итно пренесена во болницата во Катерини и задржана на Одделот за интензивна нега. Според последните информации, нејзината здравствена состојба е стабилна и се подобрува.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
