Македонија
14. September 2022 - 12:46

Изградбата на патот Кичево - Охрид тапка во место

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево тапка во место. Никако да  се види крајот иако последните најави дека дел од автопатот кај Требеништа ќе биде пуштен во употреба на почетокот на месец август од сето тоа сеуште ништо градежните работи се далеку од финиш.Од она што може да се види на терен на овој патен правец не се работи ни интензивно како што беше најавено. Од министерството за транспорт и врски пак , прстот во вперуваат кон компанијата која ги изведува градежните работи.

Останува сега Изведувачот да ги реализира градежните работи според динамичкиот план. Изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид останува приоритет и Министерството за транспорт и врски заедно со Јавните претпријатие се во постојана координација со Изведувачот и Надзорот заради побрзо завршување и изградба на Секција 5, односно цела автопатска делница), информираат од Министерството за транспорт и врски.

Од Јавното претпријатие за државни патишта пак  велат дека на овој дел од автопатот останале уште 2км неасфалтирани.

До овој момент се пробиени околу 95% од целата траса, а процентот на реализација на работите на делот кај Требениште-Подмоље е 75%, односно остануваат уште 2 км да се доасфалтираат, велат од Јавното претпијатие за државни патишта.

И работата на патот Кичево-Дебар тече бавно реализиран е  само првиот километар од трасата, поради потешкотиите на кои наишле на дел од планината.

Рокот за завршувањето на овие автопатски делници во Југозападниот регион кој неколку пати беше  пролонгиран  е до крајот на 2023  година.