Ивановски на 330 место на АТП листата, пад од 23 позиции

Новата АТП листа поради денешниот старт на УС Опен беше објавена ден порано, а на неа најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330. место со 162 поени.
Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 помалку од претходната недела.
Со ист број поени другите македонски тенисери имаа мали поместувања нагоре на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1131. место со 8 поени (скок три места), а Обрад Марковски е рангиран на 1216. место со 6 поени (скок 8 места). Овие двајца играчи од вторник ќе бидат дел од фјучрс турнирот што ќе се игра во Куршумлијска Бања во Србија, додека Калин Ивановски ќе настапи на Челинџер турнирот во Мајорка каде за противник во првото коло ќе го има Жоао Соуса од Португалија (34. год, 259. место АТП).
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
