Иванишевиќ: Синер и Новак се единствените кои можат да го загрозат Алкараз на УС Опен

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ кажа свое видување за тоа кој може да го загрози првиот светски рекет Карлос Алкараз на УС Опен.
Алкараз неодамна го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.
- Јаник Синер и Новак се единствените кои можат да му се заканат. Играта на Синер не му одговара на Алкараз. Тие имаа неколку интересни меѓусебни дуели. Исто така Медведев е феноменален играч кога има свој ден. Новак останува последниот диносаурус. Останатите конкуренти се млади момци. На долг меч со Алкараз никој не може да се натпреварува освен Синер и Ѓоковиќ. Оние кои не можат долго да го следат неговото темпо, веднаш можат да ги соберат рекетите и да си одат дома, изјави Иванишевиќ.
Грен слемот УС Опен ќе се одржи од 28 август до 10 септември во Њујорк.
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
