Иванишевиќ нов тренер на Циципас

Повеќе европски медиуми објавија денеска дека Хрватот Горан Иванишевиќ е нов тренер на грчкиот тенисер Стефанос Циципас, рангиран во моментов на 20. место на АТП листата.
Иванишевиќ, кој го освои Вимблдон во 2001 година, беше тренер на Марин Чилиќ од 2013 до 2016 година, а од 2019 до 2024 година на Томаш Бердих, Милош Раониќ и Новак Ѓоковиќ. Неговиот последен ангажман, што траеше многу кратко, беше соработката со казахстанската тенисерка Елена Рибакина.
Својата прва соработка, 53-годишниот Иванишевиќ и 26-годишниот Циципас ќе ја имаат на турнирот на трева во германски Хале, од 30 јуни до 13 јули, како подготовка за овогодишниот Вимблдон.
Циципас пред четири години беше трет тенисер на светот, а двапати во кариерата играше грен слем финале, во 2021 година на Ролан Гарос и во 2023 година на Австралија Опен.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
